Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на Македонија на Европското бокс првенство во У-22.
ЕП се одржува во Будва, Црна Гора, од 10 до 20 ноември. На шампионатот ќе настапат 320 боксери од 38 држави.
Боксерите ќе добијат и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето.
За златен медал наградата е 8 000 американски долари, за сребрениот 4 000 и за бронзениот 2 000, додека за пласман во четвртфиналето се добива по 1 000 долари.