Ален Рустемовски и Алим Насуфи беа сигурни во полуфиналните борби и забележаа победи на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.
Рустемовски против Јапонецот Шудаи Харада ја извојува втората победа со добра тактика, посебно во првите две рунди, а во третата ја одржуваше предноста. И утре ако прикаже добра борба против боксерот од Косово, тој е сериозен кандидат за освојување на Злтаниот гонг.
Насуфи во негов стил тргна агресивно, но во почетокот Романецот Маријан Онута успеваше да се одбрани. Но во наредната рунда од аголот на Онута беше фрлена крпата, па така Насуфи обезбеди финале.
Утре е финалето со почеток во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Во финалето ќе настапат Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски, Алим Насуфи и Ник Николов, кој на турнирот е пријавен како претставник на Словенија, но од неодамна настапува за репрезентацијата на Македонија.
Во женска конкуренција боксерките од Полска доминираа, додека во машка конкуренција имапе неколку интресни борби.
Денешните борби се добар вовед за утрешното финале
На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.
Некои од најавените репрезентации не допатуваа во Скопје.
Резултати 1/2 финале Златен гонг:
54 кг Наталија Кучевка (Полска) – Роксана Хамза (Романија) 5-0
57 кг Сандра Драбик (Полска) – Карина Ибраимова (Казахстан) 4-1
66 кг Анета Ригиелска (Полска) – Есмералда Новрузај (Албанија) 5-0
57 кг Шудаи Харада (Јапонија) – Ален Рустемовски (Македонија) 0-5
57 кг Луар Алиу (Косово) – Башким Бајоку (Косово) 2-3
60 кг Аксел Хегарти (Велс) – Лорент Мурати (Косово) 5-0
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Маријан Онута (Романија) 5-0 ТКО Р2
67 кг Панагијотис Костурос (Грција) – Кирил Глобенко (Полска) 0-5
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Космин Неагу (Романија) 5-0
71 кг Јемин Алмуца (Албанија) – Оказава Севорнец (Јапонија) 0-5
75 кг Бленд Зенели (Косово) – ОрландоХолви-Сотоми (Велс) 0-5 ТКО Р2
+92 Јордан Хернандез (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово) без борба
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Ардијан Аземи (Македонија) без борба
Финале:
Жени
57 кг Ребека Добош (Унгарија) – Карина Ибраимова (Казахстан)
Мажи
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Шудаи Харада (Јапонија)
57 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Луар Алиу (Косово)
60 кг Ружди Рустемовски (Македонија) – Аксел Хегарти (Велс)
63,5 кг Ник Николов (Македонија) – Димтрос Николау (Грција)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
75 кг ОрландоХолви-Сотоми (Велс) – Вилијам Чолов (Бугарија)
80 кг Стелијан Страхилов (Бугарија) – Редис Карај (Албанија)
92 кг Марко Крмљак (Хрватска) – Донат Сила (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Ардијан Аземи (Македонија) – Јордан Хернандез (Бугарија)