Ален Рустемов и Илхан Озмен се пласираа во полуфиналето на 60. Меѓународен бокс турнир „Белградски победник“.
Рустемов ја доби борбата против српскиот боксер Лазар Пантиќ откако тој не се појави во рингот, а Озмен славеше со 4-0 над Васили Самчук од Казахстан.
Во полуфиналните борби Ален Рустемов ќе ги одмери силите со Микеле Балдаси од Италија, а Илхан Озмен со Лаи Чу-Ен од Тајван.
На турнирот настапуваат 225 боксери (155 мажи, 70 жени) од 25 држави.
Резултати – Белградски победник:
57 кг
Ален Рустемов – Лазар Пантиќ (Србија) противникот не се појави во ринг
Полуфинале
Ален Рустемов – Микеле Балдаси (Италија)
63,5 кг
Илхан Озмен – Васили Самчук (Казахстан) 4-0
Полуфинале
Илхан Озмен – Лаи Чу-Ен (Тајван)