Денес на Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија, Македонија има двјаца претставници во финалните борби за сениори, Ален и Ружди Рустемовски. Ова за македонскиот бокс е голем успех, затоа што двајца боксери поодамна не се бореле во финале, а уште позначајно е што и двајцата се од исти клуб, Пелистерски јунак и потекнуваат од познатата боксерска фамилија Рустемови која остави траен белег во битолскиот и македонскиот бокс.
Ален Рустемовски во финалето ќе ги одмери силите со Украинецот Денис Роздолски, а Ружди Рустемовски со домашниот боксер Стефан Чамовиќ.
Ален и Ружди имаат тешки противници, но оваа е прилика да ги докажат своите вештини и по многу години да донесат златен во Македонија.
Гоце Јанески во 2019 година во Анталија го прекина 30-годишниот пост на балканските првенства освојувајќи го бронзениот медал, односно по славните олмпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски.
Две години подоцна и Јасин Лама освои бронзен медал на Балканското првенство во Загреб.
Да потсетиме, вчера Ардијан Рустемовски вчера освои сребрен медал откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.
Претходно со борнзени медали се закитија Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу.
На Балканското првенство е и судијата Стефан Цубалевски.
Резултати – Балканско првенство:
Сениори
57 кг
Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2 ½ финале
Финале
Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина)
60 кг
Ружди Рустемовски – Русијан Шилов (Украина) 5-0 ½ финале
Финале
Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија)