Ален Бабиќ учествува на подготовките на Фјури, шампионот на ВБЦ го повика во својот тренинг камп

Хрватскиот боксер Ален Бабиќ ја прифати поканата на Тајсон Фјури и ќе му биде спаринг партнер на Кралот на Ромите кој се подготвува за меч против Дерек Чисора.

Нивната борба ќе се одржи на 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон. Фјури го покани Севиџ, бидејќи по стилот е сличен на Чисора.

„Не чекам никого. Добив покана од таборот на Фјури. Веднаш прифатив. Изгледа се враќам на мојата омилена работа“, напиша Ален Бабиќ на својот Инстаграм.

Ален денеска во две „приказни“ објави дека патува на тренинг кампот на Фјури.

Хрватскиот боксер се надева дека ќе има уште еден меч оваа година, а тренингот со еден од најдобрите борци во светот дефинитивно добро ќе му дојде.

Овој пат Бабиќ не е дел од тренинг кампот на Дилиен Вајт, кој на 26 ноември се бори со Џермејн Френклин.

Се чини дека пропадна борбата на Севиџ за појасот во „бриџер“ категорија на ВБЦ против Оскар Ривас.

Колумбиецот неодамна објави дека на 25 февруари следната година ќе се бори со Лукаш Розански во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON