Ален Амедовски: Одам да на осма победа во Белатор – за мене, за фамилијата и за Македонија!

Ален Амедовски (7-0) во сабота излегува на мегдан со Французинот Ибрахим Мане (7-1) на настанот Белатор Џенова во Италија.

Амедовски има скор од 7-0 и оди на осма последователна победа во категоирјата до 84 килограми против дебитантот во Белатор Мане.

„Во сабота ќе ја имам осмата борба и очекувам се да биде во рамките на планираното, бидејќи добро сум подготвен. Одам да победа, за мене, мојата фамилија и за Македонија“, вели Ален Амедовски за Ipon.mk!

Амедовски кој не знае за пораз во втората најсилна ММА организација на 1 декември сака да покаже дека е најдобар.

„Сакам да покажам дека сум најуспешниот борец од Македонија, а тоа ќе покажам во сабота“.

Во полседната борба Амедовски, кој живее во Италија, го совлада Вил Флури од Ирска на Белатор 203 во Рим.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON