На крајот на 2022 година, Алексеј Олејник, кој тогаш имаше 45 години, ја водеше последната борба.
Изгледаше дека легендарниот ветеран на УФЦ од Русија ќе ја заврши кариерата. Засекогаш го запиша своето име во историјата на мешаните боречки вештини, станувајќи единствениот борец на планетата кој победувал во борби цели четири децении.
Сите очекуваа Алексеј да ги закачи ракавиците, но наеднаш „Боа Констрикторот“ најави враќање. Ова ќе се случи на 26 мај во Москва. Истата гала вечер ќе се врати Александар Емелијаненко, а во ММА ќе дебитира неговиот брат Иван.
Олејник ќе се бори против ветеран на УФЦ и Белатор, Оли Томпсон.
„Да, ќе се борам со Томпсон. Одморав седум-осум месеци и сфатив дека сè уште можам да работам. Понудија добри услови во Русија, не полоши од оние во УФЦ. Решивме дека можеме да прифатиме“, изјави Олејник
Алексеј има скор од 60-17-1 во ММА. Томпсон, пак, има скор од 21-16 во ММА.
View this post on Instagram