Александар Волкановски сака да стане двоен шампион во УФЦ

Александар Волкановски сонува да стане двоен шампион во УФЦ.

Неприкосновениот шампион во перо категорија верува дека може да најде место меѓу ретките кои ја подигнале титулата во две различни категории. Александар 3 пати успеа да ја одбрани титулата во перо категорија и забележал 4 победи во 4 борби за титулата.

Досега Волкановски има скор 24-1 во ММА и има 11 победи во УФЦ. Тој победи на 15 меча со завршница. Неговиот единствен пораз беше нокаутот од Кори Нелсон во полусредна категорија во 2013 година во Австралија.

Велики последен пат го порази Чан Сунг Јунг овој месец. Волкановски ја сака титулата во лесна категорија и има голема веројатност УФЦ да му даде шанса. Шампионот има за цел да се врати во август.

„Има многу работи кои ме возбудуваат во моментов. Има неколку добри опции. Јас сум во добра позиција. Нема многу луѓе кои можат да станат шампиони во две категории. Претходно не сакав шанса за титулата во лесна категорија. Сега сакам, затоа што мислам дека ја заслужувам.

Јас сум во позиција која ми дозволува да го сакам тоа. Ќе биде добро да се случи во мојата следна битка. Имам 3 одбрани на титулата и 4 победи во битките за титулата. Покажав дека сум на поинакво ниво. Да видиме дали ќе ми дадат шанса за уште една титула. Веројатно ќе има трилогија со Макс Холовеј.

Многу би сакал тоа да се случи во Австралија. Имам 2-0 во битките со него. Не ми е гајле што велат луѓето. Ја држам титулата. Можам да се борам и со Конор Мек Грегор. Тој беше шампион и во оваа категорија.

Сакам да победам против сите шампиони. Сакам да ги победам сите легенди во оваа категорија. Веќе ги победив Мендес, Алдо, Холовеј, Ортега и Јунг. Сакам да ги победам сите шампиони во оваа дивизија за да станам најголем.

Сите што ме познаваат знаат дека сум животно. Никогаш не се откажувам. Мислам дека во август ќе се вратам во кафезот. Сакам да се борам во август во Австралија“, изјави Волкановски за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON