Александар Волкановски сака да се бори со Чан Сунг Џанг, попознат како „Корејското зомби“. Неодамна стана извесно дека Макс Холовеј е повреден и нема да се бори во трилогијата со Волкановски, која беше најавена пред само неколку дена.
Двајцата требаше да се борат на УФЦ 272 на 5 март во Лас Вегас. Многу борци изразија желба да го заменат Холовеј, па дури и Хенри Сехудо е подготвен да се врати во ММА во потрага по третата титула.
Сепак, Волкановски избра противник и сака да се бори со Јунг. Шампионот на својот профил на социјалните мрежи го предизвика Зомбито, но одговор се уште нема и не е јасно дали УФЦ ќе одобри.
Јунг последен пат се бореше во јуни 2021 година и со одлука го победи Дан Иге. Во 2013 година Сунг се бореше за титулата со Жозе Алдо и загуби со нокаут.