Александар Волкановски не гледа со што може Холовеј да му ја отежне работата

Александар Волкановски (20-1 ММА, 7-0 УФЦ) добива златна шанса, викендов ќе се бори за титулата во перо категорија. Тешкиот предизвикувач ќе се бори на УФЦ 245 во подглавната битка против Макс Холовеј и ја заложува долгата серија на победи. Александар верува дека ќе може да го победи шампионот и да се етаблира на тронот во категоријата.

Ова нема да биде лесно, затоа што Холовеј е во голема победничка низа во категоријата и никој последниве години не можеше да го совлада во перо категорија. Волкановски е подготвен со својот план за средбата во Вегас.

„Ќе имам поинаков пристап. Не верувам дека нештата што работеле добро за него во минатото, ќе му вршат работат и на средбата против мене. Да, тој има добра борба и кардио и секаков такви работи. Не верувам дека ова е голема закана за мене.

Очигледно е дека и јас имам добро кардио и нема да му биде добро да притиска, затоа што сум посилен од него. Борбата на Макс е да изврши притисок, да оди напред и да постигне удар. Во битката против Пориер видовме дека Дастин успеваше да ја задржи својата позиција. Ако Макс реши да се движи напред против мене, тогаш ќе падне во мојата борба.

Борбата се развива и јас се развивав со неа. Знам, сите ќе почнат да зборуваат за тоа дека Франки имал борба и други нешта, кои навистина ги има. Сепак, јас имам и сила и знам како да ги балансирам работите. Многу други ќе речат дека ќе имам проблем со неговиот обем, но нема да биде така“, порача Македонецот Александар Волкановски кој живее во Австралија.

https://www.instagram.com/p/B55voBoA29r/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON