Александар Волкановски Македонски: Го гледав Холовеј на УФЦ 240 и уверен сум дека ќе го победам

Александар Волкановски Македонски внимателно ја следeл бoрбата за титулата во перо категорија меѓу Макс Холовеј и Френки Едгар, што се одржа изминатиов викенд во Канада.

„Благословениот“ ја одбрани титулата и е во серија од 14 победи во категоријата. Волкановски исто така е во голема серија од 17 победи, од кои 7 се во УФЦ. Волкановски ја оствари својата најголема победа овој мај, откако го совлада легендарниот Жозе Алдо во родниот Бразил. Нема сомнение дека Алекс е следен кандидат за титулата и тој е уверен во победата над Холовеј.

„Всушност, мислам дека битката беше многу рамноправна. Ја гледав во салата и мислам дека Френки победи во неколку рунди. Ја сакам да се борам од дистанца и да го изберам вистинскиот момент, за да ја скратам дистанцата. Знам дека сум многу силен и можам да го справам со темпото на Холовеј.

Ќе бидам подготвен, ако тој го искористи планот, кој има за цел да ме напрега. Јас сум моќен и експлозивен борец. Мислам дека можам да му нанесам голема штета и не треба да заборавиме дека сум добар во борбата. Макс е добар шампион, но јас ја сакам таа борба. Сакам шанса да се изразам и верувам дека можам да победам“, рече Волкановски.

https://www.instagram.com/p/B0UmsisgumI/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON