Александар Волкановски: Ја завршив работата, моето поглавје со Холовеј е завршено!

Александар Волкановски е подготвен за идните испити и верува дека завршил со Макс Холовеј.

Откако ги загуби првите две рунди од борбата против Макс Холовеј, Александар Волкановски навреме ја презеде контролата и ја одбрани титулата во перолесна категорија на УФЦ. Многумина нема да се согласат со исходот, односно веруваат дека поранешниот шампион направи доволно за да си ја врати титулата, но судиите си го кажаа своето и Австралиецот со македонско потекло сега има сооднос 2-0 против Холовеј. Ова треба да значи дека и покрај неизвесната борба и со многу сомнителни судиски одлуки, „Благословениот“ нема веднаш да добие уште една шанса.

За борбата во која покажа многу и која, независно од тоа сте ја бодувале, ја одработи шампионски, Волкановски рече нешто на прес-конференцијата што се одржа по настанот.

„Беше тешка борба. Очекувавме дека направи некои промени и тоа се случи. Особено добро изгелдаше во првите две рунди, по што започна да го прави она што го очекувавме од него. Но, првите две рунди беа извретни и морав да го подигнам квалитетот на мојата изведба. Го почувствував веќе во третата рунда кој беше близу, но верував дека направив доволно. Во четвртата и петата ја презедов контролата и тие сигурно беа мои. Тоа беше неизвесна борба, но верувавме дека ги имаме последните три рунди. Среќен сум што победив, многу значи да победиш во ваков реванш. Среќен сум што го завршив ова поглавје и се подготвувам за следното. Покажав од што се изградени шампионите. Ова не е лесен спорт, но покажав дека е спорт за мене. Горд сум што ја завршив работата и ќе се вратам со појасот во Австралија“, рече Алекс, убеден дека не треба да има опашки зад неговата победа.

Прашан што мисли  што ќе следи сега во кариерата на Макс Холовеј, кој се доближи и се снајде во борбата што се очекуваше од него и дека се знае дека е способен.

„Сега, никој не може да го знае тоа. Очигледно е дека сега тој треба да се врати на ранг-листата и да го изгради својот пат. Покрај тоа, нашата прва борба не беше ни близу до неизвесна. Оваа беше, но јас ја завршив мојата работа и ништо друго не е важно. Мислам дека потврдив дека сум најдобриот борец во светот во моментов и верувам дека го завршив ова поглавје. Не знам што ќе се случи со него по оваа борба, дали би можел да ја смени категоријата или нешто. Знам дека го направив тоа што беше моја работа “, заврши шампионот.

За Волкановски сега следи следниот испит, а листата за следниот предизвикувач изгледа многу добро. Во преден план се Чан Сунг Јунг и Забит Магомедшарипов, а потоа следат Јаир Родригез, Брајан Ортега, Калвин Катар и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО