Александар Волкановски итно е хоспитализиран во Чиле поради инфекција на крвта

Александар Волкановски е хоспитализиран заради влошување на здравствената состојба додека патуваше дома во Австралија. Во моментов е во Чиле каде што прима терапија за инфекција на крвта која му беше дијагностицирана.

Австралиско-македонскиот борец во саботата го победи Жозе Алдо со што дојде до својата седма победа во УФЦ во исто толку настапи, но и до најголемата победа во неговата кариера. По борбата, кратко време остана во Бразил, по што конечно се упати дома во Австралија. Сепак, на патот му се случија неочекувани проблеми.

Вокановски во Чиле требаше да почека за директна врска со Австралија, но здравствена состојба брзо му се влоши. Како што известува Ариел Хелвани, Волкановски вчера почувствувал умор во стапалата, а му се појави и мало црвенило. Генерално се чувствувал лошо, но тргнал на пат. Со доаѓањето во Чиле, состојба му се влошила, добил температура и стапалата му биле отечени.

Го прегледал докторот на аеродромот во Сантијаго, по што бил упатен во болница. Таму му е дијагностицирана инфекција на крвта и веднаш бил подложен на терапија. Не е познато кога може да биде отпуштен од болницата. Дотогаш ќе прима антибиотици, а лекарите ќе ги направат сите тестови.

Менаџерот на 30-годишниот македонски Австралиец се јави од Чиле со информации дека Волкановски сега се чувствува добро и дека сите се заблагодаруваат на одличниот третман од страна на чилеанските лекари.

Саботната победа Волкановски веруваше дека го обезбедил местото на прв предизвикувач во перолесна категорија. Постои голема можност дека е, што ќе го дознаеме кога ќе излезе новата официјална УФЦ листа, но следниот противник на Макс Холовеј нема да биде. Денес е потврдено дека се работи на борбата во која неговиот појас би требало да го нападне Френки Едгар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON