Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски неодамна со прекин на почетокот од четвртата рунда го победи Чан Сунг Јунг, попознат како Корејското зомби, бранејќи го по трет пат шампионскиот појас на УФЦ во перолесна категорија.
Волкановски во март требаше да се бори со Макс Холовеј, кој го откажа настапот поради повреда.
Но, нивната борба може да се случи наскоро.
Имено, Волкановски и Холовеј се договориле да се борат на 2 јули на настанот УФЦ 276 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Волкановски двапати го победи Холовеј, во декември 2019 година во борба за титулата и во реваншот во јули следната година.
Австралиецот потоа го одбрани шампионскиот појас против Брајан Ортега и Корејското зомби.
Две победи по двата порази од Александар имаше и Макс Холовеј, победувајќи ги Калвин Катар и Јаир Родригез.
Првиот кој објави дека нивната трилогија ќе се одржи е Ариел Хелвани.