Александар Волкановски е категоричен за јануарската борба за титулата во УФЦ против Илја Топурија

Ултимејт фајт шампионот во перолесна категорија, Александар Волкановски, изрази подготвеност уште во јануари да ја брани титулата против грузискиот Шпанец, Илија Топурија.

Австралиецот со македонско потекло на 21 октомври беше нокаутиран од Ислам Махачев во битката за титула во лесна категорија, по што Махачев му порача на „Александар Велики“ дека ако е паметен, треба да паузира малку и да не брза со враќање во октагонот. Но, Волкановски има други планови.

„Разговарав со челниците на УФЦ и побарав да ми закажат борба. Ми требаат борби. Многумина велат дека треба да паузирам, но не ми треба пауза. Сакам да се борам. Разговарав со доктори и ме уверија дека немам контузија или други повреди. Мојот пат води кон борбите. Јануари ми изгледа добар избор. Интересно би било да се борам со Топурија, би можел целиот мој фокус да го насочам кон тој дуел. Во јануари ќе ја видите најдобрата верзија од мене, ветувам. Добар сум, им благодарам на сите за поддршката“, вели Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON