Александар Усик: Танцувам и пеам во главата на Фјури

За време на неодамнешното соочување во Лондон, украинскиот боксер Александар Усик не се впушти во вербален спаринг со Тајсон Фјури, кој го опсипуваше со недолични зборови, постојано повторувајќи: „Усик колбас“.

Многу очекуваната борба за титулата во тешка категорија меѓу Усик и Фјури е потврдена за 17-ти февруари во Саудиска Арабија.

За време на прес-конференцијата Кралот на Ромите го нарече својот противник од Украина „грдо човече“ и „колбас“, а тој продолжи на ист начин и за време на соочувањето, обидувајќи се да го вовлече Усик во неговите психолошки игри.

Украинскиот боксер со насмевка ги слушаше дофрлувањата на Фјури, а подоцна во интервју за Скај спорт потврди дека тоа го очекува од Тајсон и дека тоа не му пречи.

„Веќе му влегов во главата. Танцувам и пеам во главата на Фјури“, изјави Александар Усик, кој тврди дека воопшто не размислува за следниот противник:

„Зошто? Затоа што ме чека исклучително тежок камп. Не мислам на борбата, на спарингот низ кој треба да поминам ми е важен. Пливање, трчање и сите други работи низ кои треба да поминам на тренинг кампот. Не размислувам за Тајсон Фјури. Единствено ми паѓа на памет кога ќе го видам овде како шета по ходниците“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON