Требаше да видиме многу работи годинава, но најмногу се издвојува мечот за апсолутен шампион меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик. Фјури пред мечот со Чисора минатата година наоѓаше изговори дека тоа е само поради активност, бидејќи Усик е следен за него. Секако, тоа не се случи, а Фјури сепак се одлучи за Нгану.
Тензијата меѓу Фјури и Усик траеше со месеци, а „Кралот на Ромите“ направи се за да не дојде до борбата. На крајот Усик рече дека му е доста од се, а вчера изјави дека го сака само Тајсон Фјури и дека појасот на ВБЦ е само мала, дополнителна мотивација.
„Ми треба Фјури, а ВБЦ појасот е само дополнителна мотивација. Навивачите и сите останати ќе зборуваат за оваа борба уште 30-40 години. Не сакам да им се лутам на луѓето, сакам да го сакам овој свет таков каков што е. Ако можам да донесам макар малку радост и задоволство на мојот народ во Украина, би се борел секој ден. Затоа што сега не им преостанува ништо друго освен да се борат за слобода. Но, ние ќе ја добиеме таа слобода“, рече Усик.
Усик оваа сабота го чека Даниел Дубоа, кому многумина не му даваат премногу шанси против шампионот. Усик е навистина квалитетен боксер, но никој не треба да се потцени во тешка категорија бидејќи еден удар може да промени се.
Доколку победи и Фјури во октомври го совлада Нгану, се надеваме дека се уште има шанси за овој меч за обединување на титулата. Тоа би била историска борба, но секако, се зависи од боксерите и интересите на нивните менаџери.