Александар Усик: Не ги следам вестите за Украина

Шампионот на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија Александар Усик призна дека се обидува да не ги следи вестите од Украина во подготовките за реваншот со Ентони Џошуа.

Неодамна Усик изјави дека ја напушта татковината за да се подготви за одбрана на титулите. Во Украина беше еден месец и помогна колку што можеше за време на војната со Русија.

Александар верува дека во рингот ќе и биде многу покорисен на својата татковина. Втората средба меѓу Усик и Џошуа се очекува да се одржи кон крајот на јуни во Саудиска Арабија.

„Во постојан контакт сум со Васили Ломаченко, Владимир и Витали Кличко. Се обидувам да се фокусирам на основната на тренингот. Навистина не ги следам вестите.

Сите мои пријатели ми велат да го исклучам телефонот и да спортувам. Очекувајте добри перформанси во рингот. Ќе го направам тоа за Украина. Тешко е, но молитвата помага.

Во моментов ништо не ме интересира – ниту појасот, ниту ништо друго освен да и помогнам на Украина.

Ќе дадам се од себе на тренинзите и ќе дадам се од себе да го поддржам мојот народ како што тие ме поддржуваат мене. Дефинитивно ќе се вратам во Украина по мечот“, изјави Усик за СНН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON