Во фантастичната пресметка во тешка категорија минатиот викенд во Ријад, непоразениот Александар Усик со поделена одлука го победи Тајсон Фјури.
Со таа победа поранешниот апсолутен шампион во полутешка категорија ги обедини појасите и на светски шампион во тешка категорија.
Украинецот беше блиску до победа и во деветата рунда, кога со неколку одлични удари го затресе Фјури, кој успеа да се одржи на нозе потпирајќи се на јажињата.
Судијата го изброи, а потоа се огласи гонгот, што дополнително му помогна на британскиот борец да се врати во мечот.
Но, Фјури не направи доволно во продолжението за да заработи дополнителни поени од судиите, а Усик победи. Тоа беше прв пораз во кариерата за Кралот на Ромите
Усик по борбата заврши во болница на преглед, но освен модринки, не се здоби со сериозна повреда, иако Фјури тврдеше дека му ја скршил вилицата на Украинецот.
Сепак, веб-страницата BoxRec објави дека Британскиот боксерски одбор за контрола го суспендирал Усик до 2 јули, додека Фјури не добил суспензија.
Суспензијата нема да влијае на кариерата на Усик бидејќи украинскиот боксер е подготвен да паузира по девет месеци тренинзи. Неговата борба со Фјури беше одложена двапати.
„Сега не сакам повеќе да размислувам за бокс“, рече Александар Усик за време на прес-конференцијата и додаде:
„Мојот камп започна во септември 2023 година, за овој мече се подготвував девет месеци“.