Алексанадар Стојковски е еден од тренерите што ги предводеше нашите кикбоксери на Европскиот куп „Бихаќ опен 2015“ во Босна и Херцеговина каде што освоија 15 медали, 4 златни, 5 сребрени и 6 бронзени.
Стојковски истакнува дека тоа е 16-то по ред Отворено првенство на Босна и Херцеговина, „Бихаќ опен“, на кое Македонската кик боксинг федерација традиционално присутна.
– Ова натпреварување, по својата организација и по бројот на натпреварувачи, покажа дека се работи за едно од најквалитетните натпреварувања во овој спорт во регионот. На три татами и еден ринг силите ги одмерија 466 натпреварувачиу од 7 земји. Поисебно признание на Европскиот куп му даде потпредседателот на ВАКО- светската организација во кикбокс, господинот Насер Насири, кој, воедно, е и потпредседател на ВАКО-Азија, истакнува Стојковски.
Тој нагласува дека еден дел од нашите кикбоксери за прв пат учествуваат на ваков турнор. Едноставно, ја осетиле атмосферата, амбиентот и тежината на турнирот, со сите пропратни работи.
-Викторија Варадинова покажа одлична техничка и физичка подготвеност со која доминираше над своите противнички во текот на двете борби, со што, на крај, се закити со златниот медал. Бобан Илиоски е млад и талентиран борец, за кого нема тајни во овој спорт. Во текот на борбите противниците не смееја дури ни да трепнат, поради неговата јачина и брзина на удари, која на крај резултираше со победи и освојување на златниот медал. Александар Николовски првично немаше противник во категоријата во која беше пријавен, но своеволно и самоиницијативно бараше да биде префрлен во поголема категорија, каде што во почетокот на првата рунда со размена на неколку брзи удари го прати на подот 25 кг потешкиот противник и го освои златниот медал. Млада, надежна и пеерспективна екипа и е на располагање на Македоснката кикбоксинг федерација, која во иднина ќе ги брани боите на репрезентацијата на големите натпреварувња,- ги истакнува своите впечатоци од турнирот за неколку кикбоксери Стојковски.
ipon.mk/В. Д.