Тешкашот Алекасандар Стојанов (130 кг, А-категорија) ќе се бори за златниот медал против Дуане ван Штаден од Јужна Африка на Светското првенство за ветерани слободен стил во Скопје. Стојанов во полуфиналето го совлада Бугаринот Паскал Караников со 6-0.
За бронзен медал Иле Горгиев ќе се бори со Американецот Џордин Хемфри во А-категорија до 70 кг. Во кавлификациите изгуби од Грузиецот Амиран Циквадѕе со 4-8.
Најмладите ветерани се најинтересни и најатрактивни,бидејќи некои од нив се уште се активни борачи.
Досега медали за Македонија освоија: Трајан Ангелов и Рамадан Шабани – сребрени, Игор Мицевски и Иса Фејзула – борнзени. Дали Стојанов ќе го освои златото?!
Ipon.mk