Борачот на од Радовиш, Александар Стојанов, боречката кариера ја продолжува во Кеми Ксаузен од Дортмунд, Германија.
„Имам договор на три години со Кеми Ксаузен. Ми обезбедија работа, плус по 150 евра од борба. Клубот моментално е во Четвртата бундес лига, а од наредната сезона во сакаат да се натпреваруваат во Вората бундес лига. За таа цел имат донесено многу засилувања“, истакнува Стојанов за ipon.mk.
Дали тоа значи дека го напушташ Бучим?
-Не, за Бучим ќе настапувам до крајот на мојата кариера.
Со Бобан Данов од Балканец се двајцата најсилни тешкаши во нашата земја, а нивните борби се доста тешки и исцрапувачки, но и неизвесни до самата завршница. Дали одењето во странство значи откажување од борбата за репрезентативен статус или?
– Не се откажувам од репрезентацијата. Планирам да се вратам. Повеќе од сигурно е дека ќе имам тешка борба со Данов, но, подобриот нека победи!
Стојанов бил пети Европското првенство за младинци во Тирана, Албанија; девето место на Светското првенство за јуниори во Истанбул, Турција; седум пати е сениорски државен првак и има четврто место на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.
ipon.mk/В.Д.