Александар Стојанов е прогласен за најдобар борач на Меѓународниот турнир „Македонски бисер“ што се одржа во Радовиш.
Стојанов во финалето на најтешката категорија славеше против Увејс Фејзулаи со туш за една минута.
Бесир Алили е прогласен за најдобар домашен борач, а борачот Призрени од Албанија за најдобар странски борач.