Руската ММА легенда, Александар Шлеменко, започна своја организација за ММА. 37-годишниот ветеран го започнува Шлеменко фајтинг чемпионшип (СФЦ) и веќе го закажа првиот настан.
Првиот настан „Бура“ ќе го одржи на 20 јуни во Омск. Тој рече дека ќе го одржи настанот со поддршка на владата на Омската област и „Гаспром петрол“. Многу борци од тимот на Шлеменко ќе учествуваат на настанот.
Александар Шлеменко, Андреј Корешков и Александар Сарнавски ќе бидат на трибините. Билетите нема да се продаваат, но ќе им бидат дистрибуирани бесплатно на навивачите преку нешто како томбола.
За луѓето кои нема да можат да гледаат во живо, ќе бидат објавени бесплатни врски за гледање на социјалните мрежи, а рускиот Канал 12 исто така ќе го пренесува настанот.
Шлеменко има скор 60-13-1 во ММА и е во серија од две последователни победи. Тој сè уште активно се натпреварува и може да учествува во идните гала вечери на неговата промоција.