Александар Ракиќ почна со боксерските тренинзи (ФОТО/ВИДЕО)

Александар Ракиќ во средината на мај беше тешко повреден на мечот против Полјакот Јан Блахович на настанот на УФЦ.

Српскиот борец со австриски пасош ги повреди предните вкрстени лигаменти и се врати во Виена каде беше опериран. Веднаш се виде дека Александра е во долго закрепнување.

Веќе поминаа четири месеци од повредата, но се чини дека рехабилитацијата одлично напредува.

Всушност, Ракиќ на социјалните мрежи објави неколку фотографии и видео од неодамнешниот боксерски тренинг.

„Одлично е чувството да се вратиш во рингот и повторно да боксирам. Тоа многу ми недостигаше и одлично си поминав. Работам напорно на мојот камбек. Доаѓа Ракета 3.0“, напиша Александар Ракиќ во објава на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON