Судирот меѓу Александар Ракиќ и Јан Блахович требаше да го предводи настанот УФЦ Фајт најт во Колумбус на 26 март.
Сепак, Полјакот се повреди на тренинг и го откажа настапот. Во објава на Инстаграм, Јан објасни за каква повреда станува збор:
„Имам лоши вести. За жал, не можам да се борам на 26 март, ја повредив вратната карлица, поради што не смеам напорно да тренирам и да кревам нешто тешко, а дефинитивно тоа е потребно за да се борам. За среќа, не морам да одам на операција. Сега најважно е опоравувањето и се надевам дека ќе ја залечам повредата за неколку недели. Се надевам дека ќе договориме уште една средба со Ракиќ, нека биде во првата половина од годината“.
Ракиќ во последните две години имаше само два меча на кои славеше со едногласна одлука на судиите против Ентони Смит и Тијаго Сантос.
Нема сомнеж дека српскиот борец е разочаран од исходот на настанот, бидејќи веќе интензивно се подготвува за најголемата борба во кариерата.
Но, тој остана позитивен и со порака на Твитер му посака брзо закрепнување на поранешниот шампион.
„Опоравете се што е можно поскоро. Се гледаме подоцна оваа година. Ти посакувам се најдобро“, напиша Александар Ракиќ, а Полјакот му се заблагодари за желбите.