Александар Ракиќ има незавршена работа со Јан Блахович: Почекај ме

Александар Ракиќ повтори дека сака реванш против поранешниот шампион Јан Блахович, откако се повреди на нивниот меч што се одржа во мај на настанот УФЦ на ЕСПН 36 во Лас Вегас.

Српскиот борец со австриски пасош ги повреди предните вкрстени лигаменти. Се врати во Виена, каде што беше опериран.

„Јан бара борба за појасот“, истакна Александар Ракиќ и веднаш се надоврза на последниот натпревар:

„Но искрено, дали може да биде задоволен со ваква победа? Не ме победи затоа што тогаш беше подобар, туку затоа што се повредив. Зборува за тоа како сака да се искачи во средна категорија и да се бори со Адесања, а потоа вели дека сака да се сретне со Усман во полутешка категорија“.

Ракиќ во последното интервју изјави дека сака реванш против Полјакот, а од Јан го очекува истото што го направи за него.

„Го чекав кога се повреди. Биди џентлмен и чекај ме додека не ја завршиме работата. Силен борец е, воин и јас го почитувам. Знам дека можам да го победам и да не се повредив, сега ќе бев предизвикувач и ќе се борев за појасот. Имаме уште незавршена работа“, рече српскиот борец и додаде:

„Добро тренирав за тој меч, тоа беше мојата прва борба од пет рунди. Знаев дека сум во подобра форма од Јан. Сакав да го разглобам. По втората рунда да видете како стојат работите, работете на соборување, да го изморите … Планот беше да се пролонгира борбата и да се однесе во длабоки води, да се создаде притисок и да се победи со нокаут или завршница“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON