Александар Ракиќ им честиташе на Прохаска и Тешеира за одличната борба

Главната борба на настанот на УФЦ 275 меѓу Јиржи Прохаска и Гловер Тешеира беше многу возбудлива, а целиот настан кој се одржа минатиот викенд во Сингапур го задоволи секој љубител на ММА.

Но се уште се зборува за мечот за шампионскиот појас во полутешка категорија во кој по многу пресврти Прохаско на само 28 секунди до крајот дојде до триумф над Тешеира.

Чешкиот самурај ја освои титулата во само три борби во најголемата светска ММА организација.

На пат кон тронот Прохаска ги победи Волкан Оездемир, Доминик Рејес и Гловер Тешеира. Сите три победи ги доби со прекин.

Борбата за титулата ја следеше и српскиот борец со австриски пасош, Александар Ракиќ, кој моментално се опоравува од повредата што неодамна ја заработи на мечот против поранешниот шампион Јан Блахович.

Александар го повреди коленото и мораше да оди на операција.

По одличниот меч, на социјалните мрежи се појави и Ракиќ кој не го криеше воодушевувањето за настапот на Јиржи и Гловер. И двајцата ги пофали.

„Каков одличен натпревар, ви честитам на двајцата! Им честитаме на Јиржи и Гловер за нивниот настап. Борбата за историја. Честитки“!, напиша Александар Ракиќ на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON