Александар Поветкин не исклучува враќање во рингот.
Поранешниот шампион во тешка категорија се пензионира пред една година по поразот од Дилиен Вајт. Поветкин го нокаутира Вајт во август 2020 година, но потоа загуби со нокаут во март 2021 година. Поветкин ја имаше титулата на ВБА од 2011 до 2013 година.
Александар ја имаше и привремената титула на ВБЦ. Во кариерата забележа скор од 36-3 и победи на 25 натпревари со нокаут. Поветкин веќе има 42 години, но се уште размислува за враќање во боксот:
„Тешко е да се каже нешто за моето враќање во рингот. Сè уште не знам.
Иако не објавувам дефинитивен крај на кариерата. Ќе ги разгледам работите. Сè се случува во животот. Можеби пак ќе се борам. Би сакал да бидам искрен.
Ако ми дозволи здравјето, тогаш можеби пак ќе се борам. Зошто да не?“, изјави Поветкин за РИА Новости.
View this post on Instagram