Јуниорот Александар Панов (57 кг) од Пинк пантер е прогласен за најбар боксер на 3.Меѓународен боксерски турнир „Јордан Мијалков“ денес во Штип.
Комисијата имала тешка работа да донесе одлука за најдобар боксер на турнирот будејќи и кадетот Иса Бајрам (54 кг) рамноправно конкурирал за ова признание. Најверојатно Панов го добил признанието затоа што тој боксира во јуниорска конкуренција, а на Бајрам му е оддадена почит, бидејќи двајацата ги прикажале најубавите борби.
За најборбен пар се прогласени Никола Кисковски од Аперкат и Самоил од Бугарија, додека најтехничар е Ардијан Рустемов од Пелистерски јунак. Најмлад боксер е Али Расимов од Пинк пантер, а за најатрактивен е прогласен Никола Медникаров од Бугарија, Лука Трифуновиќ од Илинден е најперспективен боксер.
Владмир Цекиќ од Алексо Огненовски е најодбриот тренер, Ристо Огнанов најдобриот судија.
Фото: Кирил Манев – Штипски асови