Александар Неделковски тримуфираше на Гранд при Кроација и уште три медали за македонските каратисти (ФОТО)

Александар Неделковски го освои  првото место во кати за јуниори на Меѓународниот карате турнир Гран при Кроација во Самобор, Хрватска.

Каратистот на Металург во финалето за златниот медал го совалда Украинецот Јарослав Федоров со оценка 24,72-24,60. Во оваа конкуренција имаше 42 натпреварувачи.

Неделковски во сениорска конкуренција не се вмеша во борбата за медали, додека најдобрата сениорка Пуликсенија Јованоска од Фунакоши Гичин е петта.

Ката тимот 1 на Фунакоши Гичин јуниори е втор, а во финалето е поразен од италијаснкиот А тим. Јунорките на Гладијатор се трети.

Марија Милева (-55 кг) од Олимпик спорт во борби во У-21 го  освои бронзениот медал.

Турнирот, односно Гранд прито го освои светскиот првак Иван Квесиќ кој и минатата година беше победник во отворената категорија. Квесиќ за победата доби награда вредна 2.000 евра.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON