Александар Мирчев два пати го развиори македонското знаме на пиедесталот на светското првенство во бодибилдинг и фитнес во Копер – Словенија.
Македонската репрезентација на СП на ИБФФ имаше одличен настап.
„Александар Мирчев освои две четврти места, Кристијан Донев во конкурренцја од 16 натпреварувачи го освои високото 6 место во категорија физик, а Габриела Зафирова во категорија фитнес бикини од 15 натпреварувачки го освои 8 место. Борјан, како дебитанд одлично не претстави, додека Трајче во јуниорска конкуренција имаше одличен на настап и успех. Останува уште вечерниот дел, каде што имаме уште неколку настапи. Горд сум што овие млади момци се со мене. Вие сте иднината на овој спорт! Вие докажавте дека многу, многу што многу други го потценуваа“, вели тренерот на репрезентацијата Тоше Зафиров, додавајќи дека Донев го освои и деветото место во боди билдинг, што е одличен успех.
Ipon.mk/В.Д.