Александар Илиќ загуби во првата рунда од легендарниот Шлеменко и изјави: Преран прекин!

Рускиот борец ја покажа класа во борење и лесно славеше.

Откако во август минатата година ги шокираше, Александар Илиќ дојде на реванш со Александар Шлеменко. Само 21 секунда му требаше да го замолчи Екатеринбург првиот пат, а ништо помалку не очекуваше на овој меч. Сепак, овој пат среќата не му беше наклонета.

Веднаш на почетокот се случи гаф, на Шлеменко му остана шишето вода во кафезот. Мечот започна, а по 20-тина секунди Илиќ беше долу, но успеа брзо да стане. Таа сцена се повтори, а потоа Шлеменко ја покажа својата боречка моќ и со брутално „тејкдаун“ повторно го собори „Џокерот“, кој испрати неколку добри високи ножни удари, но не можеше да се извлече од таа позиција. Некое време рускиот борец му го фати грбот, но Илиќ на кратко се оддалечи. За негова несреќа, Шлеменко стана, почна да го бомбардира со тупаници и судијата го прекина мечот на неколку секунди пред крајот на првата рунда.

По борбата Илиќ рече:

„Жал ми е за поразот, но му честитам. Сепак, мислам дека судијата прерано ја прекина борбата и сакам трилогија!“

Можеше да се влечат опашки затоа што судијата навистина можеше да ја остави борбата уште малку и да не ја прекине, но минатото не може да се смени, така да, што е, тука е.

Ова беше шести пораз во кариерата на српскиот борец, а не му преостанува ништо друго освен да се врати посилен и да биде подобро подготвен за евентуалниот трет меч доколку дојде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО