Александар Гвоздик (16-0, 13 КО) на 30 март во Филаделфија за прв пат ќе ја брани титулата на ВБЦ во полутешка категорија.
31-годишниот Украинец ќе се бори против Дауду Нгумбу (38-8, 14 КО).
37-годишниот Французин го порази Јоан Конгол во последната борба минатиот мај и му го нанесе првиот пораз на борецот на Глори. Во 2017 година со поделена одлука го совлада Белгиецот Билал Лагун.
За време на кариера два пати губеше од поранешниот ривал за титулата Игор Михалин и Наџиб Мохамеди, Умер Саламов и Анджеј Фонфара кој вчера се пензионира.
Гвоздик кој на Олимпијадата во 2012 година го освои бронзениот медал како дел од репрезентацијата која беа Алекснадар усик и Васил Ломаченко, мечот за титулата го избори откако ги победи Мохамеди, Исак Чилембу, Томи Карпенси и Јуниски Гонзалес. Во мај минатата година против Мехди Амар ја освои привремената титула, а во декември го нокаутира долгогодишниот шампион Адонис Стивенсон.
Хаитецот по мечот заврши во болница со сериозна повреда на мозокот. Поминал извесно време во кома, по што почна да се опоравува.
Во воведниот дел од настанот ќе настапи велтерашот од кого се очекуваат големи работи Едијус Кавалијаускас (21-0, 17 КО). 30-годишниот литванец ќе се бори против локалниот боксер на Реј Робинсон (24-3, 12 КО).