Поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија, Александар Густафсон, повторно е во кафезот. Тој ќе се бори со тежок противник, Пол Крег. Нивната борба во полутешка категорија ќе се одржи на УФЦ Фајт најт 193 на почетокот на септември.
Густафсон е во тешка ситуација и во серија од три последователни порази. Тој има учинок 18-7 во ММА и во последната борба е поразен во дебито во тешка категорија од Фабрицио Вердум пред една година.
Александар се бореше за титулата три пати, но загуби од Даниел Кормиер и Џон Џонс. Победи нсо завршница на 14 средби и пет пати загуби на истиот начин. Победа е пожелна затоа што поразот ќе го приближи до излез од УФЦ.
Од друга страна, Пол има учинок 15-4-1 во ММА и е во серија од 4 следователни победи со завршница. Минатиот месец, тој го собори Џамахал Хил и му го одзеде статусот на непоразен.
Крег е многу опасен и 15-те победи се со завршница. А поразите му се со завршница и ова покажува дека тој секогаш се бори до последната секунда. Пол е поранешен шампион во БАММА и Фајт стар.