Александар Емелијаненко проговори за апсењето во Амстердам

Рускиот ММА борец Александар Емелијаненко е познат по својата ексцентричност и насилен темперамент. Спортистот во тешка категорија се најде во проблеми повеќепати. Сега раскажа како и зошто бил приведен од полицијата во Амстердам.

„Искрено, целиот мој живот е љубопитен. На една од моите посети на Холандија, наидов на проблеми. Штом се пријавив во хотелот отидов на прошетка низ градот. Се шетав низ Црвените фенери. Влегов во кафуле да седнам и да пијам кафе. Шанкерот ме препозна и ми подаде торба со марихуана. Потоа моето кафе се претвори во алкохол“, рече Русинот.

Тогаш борецот беше на тренинг камп, и, според него, подлегнал на емоциите и го прекршил неговиот режим.

„Само што почнав да се налевам со пиво. Отидов зад барот и сам си налевав. Потоа, еден од посетителите ја напушти салата и почна многу да се лути – зошто пијам, не плаќам за пијалоци. Се налутив и го удрив еднаш по забите – и тој се онесвести. Шанкерот повика полиција. Органите на редот ме приведоа. Бев во притвор два часа и ме пуштија“, рече Емелијаненко.

Ова не е единствениот судир со орагните на редот на Русинот . Во 2015 година беше осуден на 4,5 години затвор за силување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON