Рускиот весник Спорт експрес објави интервју со Александар Емелијаненко.
36-годишниот Русин зборуваше за неговата борба со Габриел Гонзага на 5 мај, дуел на неговиот брат Федор со Френк Мир, но исто така и за можниот реванш со Мирко Филиповиќ.
„Гонзага е славен противник. Ова не се случува често, борецот да се врати и веднаш да се бори со најдобрите. Се разбира, сите сакаат големи борби, но промоторите на ваков тип на борба обично ги градат со текот на времето, за да бидат поинтересни“.
„Овој пат ќе кажам нешто пред време. Мојот менаџер Алексеј Титов вели дека постигнал начелен договор за борба со Мирко Кро Кап и Рој Нелсон. Мора да се договориме за некои детали“.
Новата борба со Кро Кап мора да е посебна за Вас, бидејќи загубивте од него во 2004 година?
„Секој противник е посебен за мене. Во секоја борба одам на победа и сакам да ја покажам мојата физичка и морална сила“.
Дали го следевте Гонзага пред да стане ваш противник?
„Не, не го следев. Јас никого не следам. Не сакам да гледам борби. Не уживам во тоа. Гледам само големи мечеви за титули, за да бидам во тек со она што се случува. Поголемиот дел од младите борци ги гледа борбите на телевизија, преку мобилен телефон и постојано расправаат за тоа. Тоа не е добро за нив, бидејќи премногу се оптоваруваат. Понекогаш ви е потребна пауза од боречки спортови, треба психички да се олеснете. Јас каде и да се појавам, кај пријателите, познаниците, веднаш почнува да зборува за борбите. Се обидувам малку да се исклучам. Јас читам“.
Што читаш во овој момент?
„Секогаш го читам Светото писмо. А во моментов го читам Луциј Сенек, тој бил филозоф во античкиот Рим. Во текот на летото планирам да почнам да одам на факултет. Веќе имам диплома од виша школа во економија и бизнис администрација“.
Што планираш да студираш?
„Исцрпување на нафта и право, сакам дипломи од овие полиња. Не сакам го трошам животот на просечност“.
Ако ги гледате мечевите за шампионската титула, веројатно сте виделе дека Хабиб Нурмагомедо стана шампион на УФЦ?
„Да. Му се јавив на Хабиб по борбата и му честитав. Многу сум среќен за него. Тој е само почетокот на своето патување. Сега мора да го задржи појасот и да докаже дека е најдобар, да го зацементира своето место на врвот и со големи букви да го запише своето име во историјата на ММА“
Ќе ја гледаш борбата на брат ти?
„Се разбира“.
Ќе му се јавете ли пред борбата?
„Да, ќе му посакувам среќа. По завршувањето на натпреварот ќе се обидам да го исконтактирам. Сега веројатно веќе го исклучил мобилниот телефон, како што правам и јас. Кога пред борбата ме прашуваат во кој хотел престојувам, никогаш не кажувам. Затоа што ако кажам наредниот ден во дворот ќе има многу познаници кои ќе ме гледаат со израз на лицето кој вели: Ќе сакате ли да ми посветите внимание? Но, јас немам време за тоа кога се подготвувам за борба“.
Дали Федор е фаворит против Мир?
„Тој секогаш е фаворит, во секоја битка. Друга работа е што јас не знам во каква форма е сега Федор. Но, тренирав со него долго време и ја знам неговата психа и физичките способности“.