Александар Емелијаненко (25-7) на настанот ВФЦА/WFCA 44 во Грозни ја одработи втората борба од враќањето на борилиштето.
36-годишниот Русин во средната на првата рунда го нокаутира Американецот Вирџил Цвикер (16-7-1). Го заврши со ударци во партер откако претходно го собори со заден директ.
Емелијаненко се врати во септември на борилиштето по тригодишна пауза и го нокаутира Џеронимо дош Сантос за 36 секунди.
https://youtu.be/1JD29ASbK0s
.