Александар Димовски-Димса: Морам прво да ја завршам работата со Примислав, па да одам СП!

dimsa)

Репрезентативецот на Македонија во кик бокс, Александар Димовски-Димса од КБК Самурај од Битола,во дисциплината лоу кик во тешка категорија ненадејно доби силен противник, тоа е боксерскиот шампион Примислав Димовски. Поради ова Државното првенство станува посебно привлечно, бидејќи како предизвик стои обезбедување место во националниот дрес за Свесткото првенство во Белград, Србија.

Што очекувеш во пресметката со Примислав Димовски, кој на некој начин треба да биде главен и најпривлечен меч на Државното првенството?

-Па да, добив јак и искусен противник. Максимално сум подготвен, целта е Светското првенство во Белград. Но, ништо не гледам преку ред, затоа што секој противник го респектирам и морам прво со него да ја завршам работата.

Бидејќи бевте и боксер, дали порано се имате стренато со него во рингот?

-Примислав лично не го познавам, а и не сме се сретнале никогаш досега. Само знам дека е добар спортист и врвен боксерски тешкаш. И, се надевам ќе биде интересно за сите кои ќе не гледаат.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON