Мајсторот по џиу џицу, Александар Ацевски, викендов го одржа првиот од двата семинари во Истанбул, Турција.
„Тренинзите се одржаа во сабота и недела, притоа се работеше на техники од спортското џиу џицу, како што ќе биде и вториот семинар закажан за 1, 2 и 3 април. Во најава е досега најголемиот семинар што воопсто некој од Македонија го одржал некаде надвор. Тоа е семинарот во месноста Бајрампаса во Истанбул, каде што има 2,5 милиони жители и 9.000 полицајци. Семинарот ќе биде специјализиран за самоодбрана од нож, ќе биде во четири тренинга од по три часа. На секој тренинг ќе присуствуваат во просек по 100 полицајци. Семинарите ќе имаат и своја телевизиска промоција“, изјави Ацевски.
Ipon.mk/В. Д.