Алекс Переира никогаш немал план Б во животот. 34-годишната ѕвезда од Бразил е едно од најпознатите имиња во боречките спортови. Тој е поранешен двократен шампион на кик-бокс лигата Глори. Переира од денеска е 6-то рангиран во средна категорија во УФЦ и заслужува шанса за титулата.
„ПоАтан“ е познат по неговите 2 победи над Израел Адесања, кој моментално е актуелен шампион на УФЦ. Во кик бокс Переира има 33 победи и 7 порази, а во ММА 6 победи и 1 пораз. Алекс вели дека од 12-годишна возраст работел во продавница за гуми, каде што заработувал по 0,9 долари дневно.
„Никогаш немав план Б. Работев во продавница за гуми. Таму почнав на 12 години.
Заработував 0,90 долари на ден. Во тоа време овие пари ми беа многу. Она што секогаш ме туркаше напред беше тоа што не сакав да се вратам назад. Немав план Б. Повеќето луѓе имаат еден.
Да не испаднеше на пример ова со борбите, тогаш ќе направев нешто друго, но немав таква опција. Јас немав такво нешто.
Или станувам борец или се враќам во продавницата за гуми. Планот „Б“ беше да се вратам во продавницата за гуми. Не сакав да се вратам таму, па немав план Б“, изјави Переира во интервју за Јутјуб канал.
View this post on Instagram