Алекс Переира го објасни славењето на победата против Џамхал Хил на УФЦ 300. Бразилецот не заборави како се однесуваше неговиот противник на прес-конференцијата пред гала вечерта во Лас Вегас.
„П Атан“ е актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија кој ја одбрани титулата на УФЦ 300. Переира победи со нокаут против Џамхал, кого го нокаутираше во првата рунда од борбата. Подоцна Бразилецот на интересен начин ја прослави победата, која ја коментираше на прес-конференцијата по јубилејната гала вечер.
Переира ја забележа 12-тата ММА борба и 3-та по ред победа на УФЦ. Алекс призна дека сакал да го казни Хил кој покажал непочитување:
„Разговарав со тренерите пред борбата. Им реков дека сакам да се борам 5 рунди, но ако имам можност, ќе го нокаутирам. Џамхал Хил не се однесуваше баш најдобро. На почетокот на неделата ми пријде со почит, а потоа за време на прес-конференцијата и мерењето го направи тоа што го направи. Да бидам искрен, славењето по нокаутот беше најмала казна“, изјави Переира.
Alex Pereira knocks out Jamahal Hill (2024)
📸 @jeffbottari pic.twitter.com/MaUsCjsceh
— Fight Pics That Go Hard (@fightpicsgohard) April 14, 2024