Алџамеjн Стерлинг треба да го брани појасот во септември против поранешниот шампион Т.Ј. Дилашоу

Шампионот на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг (21-3) ќе ја брани титулата против Т.Ј. Дилашоу (17-4). Нивната борба би можела да биде договорена за 10 септември кога е закажан настанот УФЦ 279.

Стерлинг е во серија од седум победи, а во последниот меч во реваншот со поделена одлука на судиите го совлада Русинот Петар Јан. Тоа ќе биде негова втора одбрана на титулата.

Шампионскиот појас на УФЦ го освои отккао Јан беше дисквалификуван поради недозволен удар со коленото.

Јамајканецот долго ја влечеше повредата на вратот и заврши на операција, па повеќе од една година не беше во октагонот.

И поранешниот шампион Т.Ј. Дилашоу (17-4) лани во јуни успешно се врати во октагонот по повеќе од две години суспензија за допинг.

Американецот го победи со поделена одлука на судиите сонародникот Кори Сендхаген (14-3) на настанот УФЦ на ЕСПН 27 во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON