Првакот на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг, наскоро ќе ја брани титулата против Хенри Сехудо.
Нивната борба ќе биде водечка на УФЦ 288 на 6 мај во Прудентијал центар во Њуарк (Њу Џерси).
Борците веќе на големо ја најавуваат борбата, а Стерлинг во последната изјава откри во која рунда има намера да го победи поранешниот двократен шампион.
„Ќе го завршам Сехудо во втората рунда и тренирам за тоа. Тоа тешко може да се случи во првата рунда, бидејќи и двајцата ќе бидеме внимателни, но ќе се обидам да го изморам. Ќе биде прекрасно ако успеам да го соборам, а кога ќе го направам тоа ќе го удирам толку долго додека не ми го открие вратот за „принуда“ или ќе има штета“, Стерлинг и додаде:
„Имам уште една или две борби во бантам категорија, а потоа ќе одам во перо категорија да видам какви борци има. Тренирам добро и ми треба само малку време да се навикнам на килограмите. Треба да станам посилен за да можам да се натпреварувам во перо категорија.