Албанскиот боксер Бесар Нимани е убиен во германскиот град Билефелд. Според германскиот весник „Билд“, нападот се случил додека Нимани излегувал од еден ресторан. Лекарите брзо пристигнале на самото место, но веднаш констатирале дека е починат. Во неговото тело имало испукано неколку куршуми кои биле фатални.
Засега нема никој упасен за ова убиство, а не се јасни ни причините за овој грозоморен чин. Нимани се натпреваруваше во супервелтер категорија и имаше одличен скор од 26 победи и само еден пораз. Тој се немаше натпреварувано од 2019 година.
Нимани со семејството уште како дете се преселил во Билефелд, каде и започнал да тренира бокс. „Билд“ во својот текст наведува дека овој боксер и еднаш претходно, пред неколку години имал сличен инцидент кога бил нападнат со огнено оружје. Тогаш, инцидентот се случил во турски ресторан во близина на главната железничка станица.
Човек кој бил нападнат, извадил пиштол и почнал да пука, пи што биле повредени пет лица, меѓу кои и Нимани. Револверашот тогаш бил осуден на 18 месеци затвор, затоа што се потврдило дека пукал во самоодбрана, потенцира „Билд“ во својот текст.