Ал Јакинта го нападна Конор Мек Грегор

ММА ѕвездата во лесна категорија Ал Јакинта (САД) е уште еден во низата борци од УФЦ кои му скокнаа на Конор Мек Грегор (Ирска).

„На Конор се му е дадено на послужовник. Во целата кариера во УФЦ му ги избираа најодговарачките противници. Му ги плаќаа највисоките хонорари. Имаше сè што му е потребно. Кога требаше да му го оперираат коленото, го однесоа во Лос Анџелес , а Жорж Сент Пјер дојде да го види. Кога имав потреба од операција на коленото, ми откажаа. Ми рекоа дека сум избрал погрешна болница, а сега предметната болница има договор со УФЦ. Отсекогаш сум бил во конфликт со организацијата и стигнав на врвот. Конор само го креваа. Со кого се борел во лесна категорија? Првата десетка е полна со вистински убијци, но тој директно доби меч за титулата против ривал кој во стилот најмног му одговарше? А што се случи, кога излезе против Хабиб? Изгледаше како дете“,- изјави Јакинта за ЕСПН.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON