АктуелноБоксПрофесионален

„Ако Усик сака да каже дека е најголем во својата ера, мора да се бори и против него. Веруваме во нашата победа“

Додека сè уште се смирува впечатокот за величествениот настап на Усик против Даниел Дубоа на Вембли, од сенкa се појави конкретна порака од таборот на Џозеф Паркер, следниот противник е веќе познат – а неговото име не е Фјури, ниту Џошуа. Тој не се рекламира себеси со вирални објави, не моли за борба со влегување во рингот, туку е официјален задолжителен предизвикувач според ВБО, со импресивна серија победи што му дава легитимитет.

„Целиот свет сака да го види Џозеф Паркер како се бори за светската титула“, изјави неговиот промотор Дејвид Хигинс за Скај спортс. „Тој е на таа позиција долго време, ВБО го направи предизвикувач број еден и сега е негов ред да ја добие шансата“.

Александар Усик стана двократен апсолутен шампион во тешка категорија во саботата, со технички нокаут во петтата рунда над Дубоа. Во рингот спомена уште две имиња за она што веројатно ќе биде последна борба во неговата кариера – Тајсон Фјури и Ентони Џошуа – но тој веќе ги доби двата двапати. Паркер останува единствениот активен елитен тешкаш кого сè уште не го тестирал.

„Ако сака засекогаш да тврди дека е најголемиот тешкаш во оваа ера, мора да го надмине и Џозеф. Бидејќи сè уште не го сторил тоа“, вели Хигинс.

Паркер ги победи Жилеј Жанг, Дионтеј Вајлдер и Мартин Баколе во последните три борби, откако Дубоа го откажа нивниот меч поради болест. Тој победи борци што другите ги заобиколија.

Тој не е на насловните стграници, но има бројки и легитимно право на оваа шанса.

Френк Ворен, шефот на Квинсбери и промотор на Паркер, потврди дека борбата била „нарачана“:

„Џо ја заслужува. Тој е во форма како Дубоа пред него и ВБО јасно стави до знаење дека тој е следен. Ако борбата не се случи, тој ќе се бори за празниот појас“.

Тајсон Фјури, иако веќе е двапати поразен, ја објави желбата за трилогија, дури и потенцијално збогување на Вембли. Но, бројките се едно, а редот и спортската правда се друго. А Паркер чекаше со години.

„Џозеф е подготвен“, заклучи Хигинс и додаде: „Не е импресиониран. Не бега. Секогаш влегува како аутсајдер и секогаш победува. И затоа верува дека може да го победи и Усик“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON