Генади Головкин (37-0-1, 33 КО) изрази желба да се сретне со Били Џо Сандерс (26-0, 12 KO) за обединување на титулите во средна категорија, ако во реалноста реваншот со Сол Алварез – Канело (49-1- 2, 34 KO) не успеа поради тоа што мексиканската суперѕвезда имаше позитивен допинг тест. Како што е познато, ГГГ мораше да се соочи со Канело по втор пат во Лас Вегас на 5 мај, но дуелот е пред пропаст, откако претендентот даде позитивна мостра на кленбутерол.
Gennady Golovkin confirms he will turn to Billy Joe Saunders unification fight if Canelo Alvarez is handed drugs ban: https://t.co/udB7vWODTK pic.twitter.com/1TqmvXfPAu
— Indy Sport (@IndySport) March 20, 2018
Промоторот на Канело, Оскар де ла Хоја е уверен дека реваншот ќе се одржи според планот, но Головкин веќе размислува за замена на Мексиканецот, а најпогоден за тоа е токму шампионот на Светската боксерска организација (ВБО) Сандерс. Можниот меч меѓу нив ќе го одреди единствениот неприкосновен шампион во категоријата, бидејќи другите три појаси се во сопственост на казахстанскиот нокаутер.
„Ако средбата со Канело не успее, Сандерс е следниот на мојата листа, бидејќи мојот сон е да ги соберам сите титули. Бев изненаден што Канело даде позитивен тест, бидејќи го познавам него и неговиот тим и изгледа чудно да се подложил на забранети супстанци. Многу е непријатно да се види дека скршнал по овој пат. Сакам меч меѓу спортисти, а не помеѓу лаборатории, сакам чиста борба, а не медицинска. Се уште се надевам дека борбата ќе се одржи, бидејќи тоа е најголемиот дуел во боксот во моментов и повторно сакам да се вратам на оваа сцена. Комисијата ќе одлучи бидејќи работите се едноставни – или даваш позитивен тест или негативен. Или се допингуваш или не“, изјави Головкин за ТВ Ринг.