Ако Конор не може да се бори си Хабиб, тогаш со неговиот заменик – Ислам Махачев?

Конор Мек Грегор добро се опоравува од скршеницата на зглобот која ја заработи во борбата против Дастин Пориер на почетокот на јули, а на борбите би требало да се врати следната година.

Дајна Вајт ја најави негова четврта борба со Пориер кој после два технички нокаути го води со 2-1 во нивната пресметка , но постојат и други идеи.

Една од нив е да се бори со Ислам Махачев. Наследникот на Хабиб Нурмагомедов  е со скор од 20 победи и еден пораз, додека во УФЦ има осум победи во низа и биланс од 9-1.

Според германскиот „Билд“ ова е борба која се договара и наскоро би требало да биде договорена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON