Ако ја одбрани титулата против Бризил, Вајлдер ќе и се придружи на Тајсон, Луис, Фрејзер и Кличко

Дионтеј Вилдер (40-0-1, 39 КО) на 18 мај во Њујорк ја брани титулата на ВБЦ против Доминик Бризил (20-1, 18 КО).

Тоа ќе му биде девета одбрана на шампионската титула во тешка категорија и ако е успешен ќе влезе во елитната листа.

 Имено, ако го победи Бризил, Вајлдер ќе стане само десетеиот тешкаш во 135 години долгата историја на тешка категорија кој постигнал девет или повеќе последователни одбрани на светската титула.

„Борци како што се Џек Џонсон, Џо Луис, Мухамед Али, Мајк Тајсон и други, го отворија патот за мене. Сега ќе го продолжам она што го започнаа тие и ќе се погрижам светската титула во тешка категорија да остане во Америка уште долго време“, рече Вајлдер.

Најмногу последователни одбрани имаше Џо Луи 25. Лери Холмс имаше 19, а Владимир Кличко 18.

Следи Канаѓанецот Томи Бернс со 11, Мухамед Али со 10, па Џо Фрејзер, Мајк Тајсон, Виталиј Кличко и Ленок Луис со 9.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON